За самитот
Заради потребата да се опфатат сите суштински теми неопходни за остварување на очекуваните резултати, истовремено со главните панел дискусии, ќе се одржуваат и работилници на теми поврзани со дигитална трансформација, генерално.
На главните панел дискусии ќе се обратат говорници кои се истакнати познавачи на областите за кои се однесуваат темите за дискусија. Панел дискусиите ќе ги водат модератори. На работилниците ќе се вклучат експерти кои со своите излагања ќе опфатат примери од пракса кои се однесуваат на теми поврзани со дигитална трансформација.
Работилниците ќе ги водат фасцилитатори. Говорници ќе бидат судии, обвинители, истражители, претставници од академската заедница, креатори на политики и претставници од приватниот сектор кои вршат дејности поврзани со имплементација на решенија за дигитална трансформација.
Очекувани резултати
Ефикасен и ефективен правосуден систем
кој ќе обезбеди еднаков пристап до правда
Зголемена транспартентност и достапност
на судовите и правосудните органи
Воведување на нови механизми
за намалување на бројот на застарени предмети
Зголемување на соработката
при обезбедување на меѓународна правна помош
Зголемување на довербата во судството
СТРАТЕГИЈА
Цел
Имајќи предвид дека дигиталната трансформација на правосудниот сектор во Република Северна Македонија е во почетна фаза, за што веќе се преземаат активности за имплементација на мерките определени со Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, овој настан е неопходен заради размена на искуства и информации за примена на ИКТ во правосудството.
Дополнително, овој настан ќе ја олесни прекуграничната соработка со правосудните органи на други држави преку размена на искуства и најдобри практики за воспоставување на рамка за интероперабилност за обезбедување на правна помош.
ЛОКАЦИЈА
Хотел Инекс Олгица
JustICT will cover accommodation costs for two nights for 2 people per company. Any additional person from the same company will be charged individually by the hotel upon the arrival. Please contact if you have any questions.
Самитот е наменет за судии и јавни обвинители и ИТ експерти со искуство во процесите на дигитализација во правосудството. Главната цел е сензибилизирање на претставниците од правосудството со предностите и можностите што ги опфаќа процесот на дигитализација, подобра информираност и мотивирање за користење на целокупната опрема, софтвер и други дигитални алатки во текот на своето работење.
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Теми на дискусија
Дигитална транзиција на правосудниот сектор
Сегашната судска пракса и како технолошките решенија можат да бидат имплементирани за потребите на судската власт.
Интероперабилност помеѓу судските и извршните власти
Имплементација на рамката и законодавството за интероперабилност, придобивки, пристап до бази на податоци, прибавување на докази и размена на документи.
Употреба на современи технолошки решенија за еднаков пристап до правда
Воведување на електронска идентификација и користење на доверливи услуги во судските постапки и при комуникација на судовите со правосудните органи и странките во постапките
4тата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството
Имплементација на системи со авторизации и автоматизација на процеси, обезбедување докази, веродостојност и интегритет на податоците и доказите, имплементација на механизми за ефективно извршување судски одлуки без одлагање, судење од далечина.
Влијанието на пандемијата врз судската пракса
Судски седници од далечина, менување на судската пракса и добри практики во редовното судство и устваните судови.
АГЕНДА
JustICT Summit 2022
Регистрирај се
10:00-11:00
Пораки за добредојде
- проф. д-р Стево Пендаровски, Претседател на РСМ
- проф. д-р Никола Тупанчески, Министер за правда на РСМ
- Н.Е. Амбасадор Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Георг Става, Федерално Министерство за правда на Австрија
11:30-12:00
Кафе пауза
- Изјави за медиуми
- Заедничка фотографија
11:45-12:30
Панел 1: Градење на политичка волја и овозможување одржливи извори за дигитализација на судскиот систем
Целта на презентациите и дискусијата е да се стави фокус на постојните политички документи за судска дигитализација, размена на индивидуални искуства и знаење за процесите на дигитална транзиција во нивните судски системи, предизвици и предности на процесот, обезбедување одржливи извори за дигитално одржување и идни надградби.
Панелисти:
- Оливер Вархаи, Eврокомесар за проширување - видео
- Бојан Маричиќ, Вицепремиер за европски прашања на РСМ - видео
- Зекирија Биркан, Заменик министер за правда на Турција
- Иван Маленица, Министер за правда и администрација на Хрватска - online
- Јосип Грубиша, Министер за правда на Босна и Херцеговина
- Претставник од Министерство за правда на Србија
12:30 – 13:15
Панел 2: Нужност од дигитална трансформација на правосудството
Целта на презентациите и дискусијата е да се посочат потребите и подготвеноста на судството и јавното обвинителство за прифаќање на дигиталниот пристап во работењето заради поефективна правда.
Панелисти:
- Љубомир Јовески, Јавен обвинител на РСМ
- Павлина Црвенковска, Претседател на Судскиот совет на РСМ
- Георг Става, Федерално Министерство за правда на Австрија
- Антонио Јолевски, Претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ
- Вилма Русковска, Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција
13:15-15:15
Ручек
15:15 – 16:00
Панел 3: Придобивките од дигитализација во правосудството
Целта на презентациите и дискусијата е да се согледаат предностите на дигиталниот начин на работа и на кој начин тоа би придонесло кон поголема ефикасност во секојдневното работење и постапување на судството и јавното обвинителс.
Панелисти:
- Гаврил Бубевски, Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје
- Бенедикт Велфенс, Лидер на компонента, Проект на ЕУ: Владеење на правото
- Алпер Табаноглу , Директор на Генерален директорат за информатичка технологија, Министерство за правда на Република Турција
- Весна Бојаџиевска, Раководител на службата за информатика во Врховен суд на РСМ
- Катерина Мишковска, ИТ служба во Совет на јавни обвинители на РСМ
21:00
Свечена вечера
Регистрирај се
09:30-10:15
Панел 4: Користење на современи технолошки решенија за еднаков пристап до правдата
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон воведување на електронска идентификација и користење на доверливи услуги во судските постапки, како и во комуникацијата на судовите со правосудните органи и странките во постапката.
Панелисти:
- Проф.д-р Давор Деренчиновиќ, Судија на Европскиот суд за човековите права во Стразбур - online
- Хасан Бакарчи, Секретар на Регистарот на Европскиот суд за човековите права во Стразбур - online
10:15-11:00
Панел 5: Дигитализација, пристапот до правдата и судење на далечина
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон опфатот на процесот на дигитализација во контекст на пристап до правдата и аспектите на судењата на далечина.
Панелисти:
- Ксенија Флак Макитан, Судија на Трговскиот суд во Вараждин, член на Мрежата на CEELI Институтот во Прага
- Ѓорѓи Андонов, Претседател на Основниот суд Штип
- Љупчо Георгиев, Генерален директор на Мајкрософт за Северна Македонија и Косово
11:00-11:30
Кафе пауза
11:30 – 12:15
Панел 6: Интероперабилноста помеѓу судството и државните органи и институции
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон претставување на придобивките од интероперабилноста со цел брза и ефективна правда.
Панелисти:
- Игор Андоновски, Главен оперативен директор на Nextsense
- М-р Миљазим Мустафа, Член на Судскиот совет на РСМ и член на Советот за координација на ИКТ во правосудните органи
- Бурим Сејдини, Претседател на Управниот суд
- М-р Александар Шопов, Судија во Основниот суд Велес
12:15 – 13:00
Панел 7: Дигитализација во функција на поефективна правда
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон спроведување на рамката и законодавството за интероперабилност, придобивки, пристап до бази на податоци, добивање докази и размена на документи.
Панелисти:
- Лорета Ѓорѓиева, Член на Судскиот совет на РСМ и член на Советот за координација на ИКТ во правосудните органи
- Илир Сулејмани, Претседател на Основниот граѓански суд Скопје
- Иван Џолев, Претседател на Основниот кривичен суд Скопје
- Виктор Крстевски, експерт за дигитална трансформација од Nextsense
13:00-15:00
Ручек
15:00 – 15:45
Панел 8: Регионалните искуства со дигиталната трансформација во правосудството
Споделување на искуствата и предизвиците со кои се соочиле државите во регионот во имплементација на процесот на дигитална трансформација.
Панелисти:
- Марјан Битанга, Претседател на Високиот кривичен суд во Загреб
- Петар Кочовиќ, Министерството за правда на Србија
- Дражен Радоњиќ, Шеф на Директоратот за ИКТ во судството во Црна Гора
- Давор Дубравица, Општински суд Задар
15:45-16:15
Кафе пауза
16:15 – 17:00
Панел 9: Дигитализацијата како пристап во остварување на правосудната функција
Споделување на искуствата за придобивките и предностите на прифаќање на техничко-технолошките достигнувања во остварување на правосудната функција.
Панелисти:
- Селим Адеми, Заменик претседател на Судскиот совет на РСМ
- Арџент Караи, IMG
- Томас Петерсен, ИТ експерт од Норвешка
- Трајче Пеливанов, Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
21:00
Вечера
Регистрирај се
09:30-10:15
Панел 10: Предизвиците и придобивките од развојот на информатичко-комуникациската технологија
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон можностите и бенефитите од т.н. 4-та индустриска револуција.
Панелисти:
- Илчо Трајковски, Раководител на служба за деловен развој во Телеком
- Борислав Несторовски, Директор на ICS Consulting Engineering
- Mирослав Гембички, ИТ експерт, Проект на ЕУ: Владеење на правото
- Преставник од Неоком
10:15-11:00
Панел 11: Придобивките од од дигитализацијата како механизам за враќање на довербата во судството
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен на имплементацијата на системи со овластување и автоматизација на процесите, веродостојност и интегритет на податоците и доказите.
Панелисти:
- Фросина Тасевска, Шеф на кабинет во Министерството за правда на РСМ и член на Советот за координација на ИКТ во правосудните органи
- Горан Митев, ЕДУСОФТ
- Преставник од Ултра
- Билјана Мицкоски, Министерството за економија
11:00-11:45
Пауза за кафе
11:45–12:30
Панел 12: Предизвиците и придобивките од развојот на информатичко-комуникациската технологија – домашни и регионални искуства
Панелисти:
- Зоран Ангеловски, Директор на Оперативно-техничката агенција Скопје (ОТА)
- Претставник од Асеко
- Претставник од Сага
- Претставник од СиТ Македонија
- Претставник од Телесмарт
- Претставник од Интек
12:30–13:15
Панел 13: Научени лекции и добри практики судењата за време на пандемијата и нужност од обуки
Фокусот на презентациите и дискусијата е насочен кон правната рамка и потребните предуслови обука и одржливост.
Панелисти:
- Наташа Габер Дамјановска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители
- Габриела Гајдова, Судија во Основен суд Велес
- Исмета Амет, Претседател на Вишиот управен суд
- Марица Абрамчева Зафировска, Претседател на Основен суд Гевгелија
- Зоран Јосифовски, Судија во Основниот суд Кавадарци
13:15-13:45
Заклучни согледувања и идни активности во процесот на дигитална трансформација
Панелисти:
- Членови на Советот за координација на ИКТ во правосудните органи
13:45-15:30
Ручек
15:30
Заминување на учесниците
Самит
Модератори

Проф. д-р Лазар Нанев
Претседател на Основен суд Кавадарци
Претседател на ИКТ Советот во правосудните органи при Министерството за правда

Проф. д-р Гордана Лажетиќ
Редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Заменик Претседател на ИКТ Советот во правосудните органи при Министерството за правда

М-р Фатиме Фетаи
Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје
Член на ИКТ Советот во правосудните органи при Министерството за правда